Французите жалат за франкот!

Објавено на 2 јануари, 2013 во 16:50

Французинките неможат да го прежалат укинувањето на националната валута. Седумдесет проценти од испитаничките во последната анкета соопштиле дека жалат за франкот додека бројот на Французите е помал и изнесува околу 54 отсто.

 

Според Институтот Ифоп, кој ја изработи оваа анкета на јавното мислење, испитувањето покажа дека наспроти најавите при воведувањето на еврото, сеќавањата за франкот не само што останаа, туку се засилија и критиките кон еврото за време на тешката економска и финансиска криза.

Во 2002 година, по франкот жалеа само 39 отсто од испитаните додека во јуни истата година 48 отсто од испитаниците а во 2005 година нивниот број се искачи на 61 отсто. Највисоката носталгијата за франкот е покажана  во 2010 година кога за него жалеа 61 отсто од испитаите, додека кај службениците и работниците носталгични за француската монета беа 77 проценти од испитаните и само 41 отсто кај високите кадри и либералните професии, јави МИА.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.