Евро на кирилица ќе се испише на банкнотата од пет евра!
Европската централна банка на овој начин ќе се штити од фалсификати.
Историски чин значи ова за Бугарската централна банка бидејќи Бугарија е единствената земја од ЕУ која користи киилица, но таа не е член на еврозоната. Испишувањето на зборот „евро“ на кирилица за оваа земја значи сигнал на доверба на ЕЦБ за идното проширување на еврозоната.
со ова велат ќе се прошири влијанието на еврото како глобална валута бидејќи таквите банкноти ќе бидат пуштени во употреба во сите земји од еврозоноата.
„Така повеќе од над 200 милиони луѓе на светот што ја користат кирилицата, меѓу кои се и жителите на Бугарија, како членка на Европската унија, ќе можат на своето национално писмо да го прочитаат текстот напишан на банкнотата“, соопшти БНБ.
Новата банкнота, денеска ја претстави претседателот на ЕЦБ, Марио Драги и таа ќе биде пуштена во оптек на 2 мај 2013 година.