Домашните мелничари стравуваат за опстанокот!
Објавено на 15 јануари, 2013 во 20:15
Мелничарите реагираат дека српското поефтино брашно им е нелојална конкуренција и бараат итно враќање на мерката за условен увоз на брашно како и зајакнување на царинските контроли. Тие тврдат дека слободниот увоз на брашно ги довел пред колапс откако пред два месеци Владата ја укина мерката со која за увоз на брашно потребно беше да се откупи домашна пченица.
Откако Владата ја укина мерката, поради полните домашни амбари со жито, увозот на брашно енормно се зголеми. Во Македонија, за два месеци, биле увезени околу 12 илјади тони брашно најмногу од Србија, Косово и Босна и Херцеговина.
Во моментов за 6 до 9 денари по килограм е поевтино српското од македонското брашно.