Опаѓа прометот во индустријата!
Пад на прометот во индустријата покажуваат податоците од Државен завод за статистика.
Индексот на прометот во индустријата во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, изнесува 68,3, односно е намален за 31,7 отсто, покажуваат најновите податоци.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2012, во однос на ноември 2011 година, бележи опаѓање од 47,2 отсто, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи опаѓање од 19,5 отсто.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во рударство и вадење камен во ноември лани, во однос на ноември 2011 година, бележи пораст од 33,9 отсто, а во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 34,2 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во ноември минатата година, во однос на истиот месец 2011 година, бележи опаѓање кај енергијата за 96,6 отсто, кај интермедијарни производи, освен енергија, за 16,8 отсто, кај капитални производи за 1,5 отсто, на трајните производи за широка потрошувачка падот изнесува 29,2 отсто и кај нетрајни производи – 7,8 отсто.