Дојче телеком ќе штеди отпуштајќи работници!
Објавено: 17 јануари, 2013, во 12:19 часот
Компанијата има за цел да заштеди околу 100 милиони евра годишно, објави денеска „Ханделсблат”, германскиот економски дневен весник.
Ова е планиранирано кратење кое е составен дел од програмата за преструктуирање, и ќе треба да се спроведе до 30 јуни. Прво ќе бидат отпуштени дел од вработените во одделите како маркетинг, оданочување и управа, информира весникот.
Не наведувајќи го изворот на информацијата, „Ханделсблат” пренесува дека компанијата ќе мора да насочи повеќе ресурси во инфраструктура за широкопојасен пристап до интернет, за мобилните интернет услуги и телекомуникациските мрежи базирани на ИП. Заради тоа планира да вработи повеќе работници во соодветните оддели.
Од Дојче телеком не ја коментирале оваа информација.
