Лани, блокирани над половина фирми!
Објавено: 18 јануари, 2013, во 14:51 часот
Повеќе од половина од активните фирми во земјава ја завршиле ланската година блокирани, покажуваат новите податоци на Народната банка.
Во 2012 година биле блокирани нови 2.930 компании со што вкупниот број на фирми со блокирани сметки се доближи до 40.000.
Долгови меѓу самите фирми, долгови кон банките и кон државата, ги предизвикале блокадите. Ова потврдува дека граѓаните и компаниите се помалку можат да ги плаќаат обврските па се почесто присилно им се наплаќаат пари од сметките.
