Македонските работници најмногу злоупотребувани на празници!
Објавено на 19 јануари, 2013 во 16:57
Од 6 до 7.000 евра ќе плати работодачот доколку не исплаќа празнична дневница за 150% повисока од регуларната. Министерството за труд и социјала продолжува во борба против работењето на црно и безбедност при работа, бидејќи како што рече министерот, најчестите злоупотреби на правата на работниците се случуваат за време за празници.
“Во реалноста сведоци сме на една поинаква состојба. Неисплаќањето на празнична дневница всушност значи една потешка злоупотреба на човечкиот труд кој што останува нереално платен и ескплоатиран, а тоа е еден од најголемите демотивирачки фактори за самите работници”, изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.