Невработеноста во светот ќе расте!
Објавено на 22 јануари, 2013 во 10:12
Зголемување на невработеноста во светот во текот на оваа година за нови 5,1 милион невработени се прогнозите на Агенцијата на Обединетите нации за труд. Се прогнозира дека следната година бројот на невработени ќе се зголеми за нови 3 милиони лица.
Ваквите прогнози се темелат на глобалната криза која сеуште има влијание и покрај тоа што попупшта. Минатата година без работа останале 4 милиони лица.
За време на врвот на кризата во 2009 година глобалната невработеност изнесуваше 6,21проценти.
