Во Србија поскапеа алкохолот и цигарите!
Акцизите на алкохолните пијалоци, пивото и цигарите од денес се зголемени за 12,2% поради редовното годишно усогласување, објави Танјуг.
Владата на Србија на последната седница донела одлука со која е извршено редовно усогласување на динарскиот износ со акцизата на алкохолните пијалоци, пивото, цигарите и тоа во согласност со индексот на потрошувачките цени за 2012 година.
Износот на акцизата на наведените акцизни производи последен пат биле усогласени во јануари 2012 година.
Со планираните редовни усогласувања на акцизата кон крајот на јануари не се опфатени нафтените деривати, цигарите и кафето.
Првото следно услогласување на износот на акцизата на цигарите и кафето ќе се случи, според најновите измени на Законот за акциза во јануари 2014 година со индексот на потрошувачките цени за 2013 година.
Првото наредно усогласување на динарските износи со акцизата на нафтените деривати ќе се случи во јануари 2016 година во согласност со индексот на птрошувачките цени во 2015 година.
Акцизата на жестоките пијалоци и ликерот сега е 1,7 евра по литар, а за ракија од овошје, грозје и специјални ракии изнесува 1 евро.
За ракија од житарици и останати земјоделски суровини акцизата е зголемена на 2,6 евра.
Акцизата на пивото изнесува 22 динари за литар (111,6 динари = 1 евро), а акцизата на цигарите е зголемена на 21,07 динари по парче.