Германското пиво со рекордно ниска продажба!

Објавено на 30 јануари, 2013 во 13:22

Пивото произведено во Германија изминатата година е со најниско ниво на продажба, објави денеска германската Државна агенција за статистика Дестатис.

Од агенцијата објавуваат дека на германскиот пазар изминатата година се продадени 96,5 милиони хектолитри, поточно продажбата е намалена за 1,8  проценти во споредба со 2011 година.

Обемот на извоз на германското пиво во земјите од ЕУ е намален за два отсто, на 11 милиони хектолитри, но извозот во земјите надвор од Унијата е зголемен за 4,6 проценти и достигнал 4,3 милиони хектолитри.

Сеуште на врвот на листата како лидери на производство на пиво се Северна Рајна-Вестфалија и Баварија, кои изминатата година произвеле 22,9 проценти од вкупното количество на пиво кое било произведено во Германија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.