Поскапуваат бензините од ноќеска на полноќ!
Објавено на 11 февруари, 2013 во 16:46
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика новата цена на литар еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари, а на еуросупер БС-98 85,5 денари.
Литар еуродизел ќе се продава за 71,5 денари, а литар на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по 60,5 денари.
Малопродажната цена на килограм мазут М-1 НС се зголемува за 0,404, со што корегираната цена на овој вид дериват изнесува 42,928 ден/кг.
Одлуката се образложува со растот на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар за 3,46% во изминатите четиринаесет дена.