Винер Осигурување го купува Кјуби!
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) ѝ дозволи на „Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе“ да ги откупи сите акции од Друштвото за осигурување и реосигурување „Кјуби Македонија“ со што станува сопственик на оваа осигурителна компанија.
Австриската компанија ќе откупи 636.645 обични акции со право на глас и 80.817 приоритетни акции, со обврска да ги откупи по цена од 2.001,22 денари за една акција.
– „Виена Иншуренс Груп АГ Винер Ферзихерунг Групе“ на сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност има депонирано паричен износ кој е потребен за плаќање на сите хартии од вредност на кои се однесува понудата. Најмалата количина на хартии од вредност што треба да се прифати, за понудата за откуп да се смета за успешна е 73,51 проценти од обичните акции – стои во одлуката на КХВ.
Е.Н.Ј