Гошев: “Државата претера со задолжување“!
Поранешниот гувернер на Народна банка, Петар Гошев во интервју за Радио Слободна Европа повторно предупредува дека јавниот долг на државата се зголемува и дека државните органи се понеодржлливо се задолжуваат.
„Во овој момент начинот на кој се задолжува Македонија, темпото со кое се задолжува, особено последните 2-3 години е неодржливо. Самиот јавен долг исто така како големина е манипулиран од страна на власта, не е целиот вистински реално искажан. На страницата на Министерството за финансии се искажува само долгот на централната влада, тоа е директното задолжување на буџетот на Република Македонија и на јавните републички фондови. Тоа не е целиот јавен долг. Долгот на општините, долгот на јавните претпријатија, долгот на македонска банка за поддршка на развојот, долгот на централната банка. Долгот и на централната власт не е реално искажан, заради тоа што таму го нема долгот што владата го прикрива овие 2-3 години, а се однесува на неизмирени, во рамките на законските рокови, обврски на владата кон приватни приватниот сектор по основ на договори што ги направила со приватниот сектор и по основ на законот за враќање на данокот на додадена вредност. Такво однесување имаа некои држави во последните децении и тие ја плаќаат денеска цената за тоа“, оценува Гошев.
Тој тврди дека простор за нови задолжувања немало но не ја исклучува можноста земјава да се соочела со грчкото сценарио./ А.Д
Извор: Радио Слободна Европа