Зголемувањето на пензиите дополнително ќе ја продлабочи дупката во Фондот за ПИОМ!
Пензионерите добија повисоки пензии. Владата ги зголеми линеарно, по 550 денари за 280 илјади пензионери во земјва.
Но, освен ова зголемување пензиите ќе бидат усогласени и со трошоците на животот и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Македонија, со што ќе добијат дополнителни 1,15%, анализира Фактор.мк.
„По консултација со пензионерските друштва се одлучивме на линеарна по 550 денари поголема пензија за секој пензионер во Македонија, што претставува месечно околу 2,5 милиони евра повеќе средства за пензионерите или годишно безмалку 30 милиони евра повеќе за пензионерите секоја година. Тоа е ветено и остварено“, изјави премиерот Никола Груевски.
Повисоките пензии ги израдуваа пензионерите, но, сепак дел од познавачите коментираат дека ова е неодржливо на долг рок со оглед дека во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување веќе има голема дупка која се финасира со буџетски пари.
На Фондот за ПИОМ годишно му се потребни околу 750 милиони евра за исплата на пензии. Но, од придонесите што се уплаќаат за вработените во касата на Фондот за ПИОМ се слеваат околу 450 милиони евра. За да се обезбедат редовните пензии, Владата минатата година од буџетот на Фондот му префрли околу 300 милиони евра. Според податоците само во однос на 2011 година, сумата што лани се трансферирала од буџетот во Фондот е зголемена за 54 милиони евра, а во однос на 2008 година за 100 милиони евра. Оваа година требаат дополнителни 30 милиони евра.
Текстот во целост е објавен на www.faktor.mk