Млеката на Дукат се вратија на македонскиот пазар!

Објавено на 14 март, 2013 во 13:08

Новата пратка од млеката на Дукат која од денеска се испорачува во трговските објекти низ земјата, покрај сите редовни микробиолошки контроли на млекото кои се спроведуваат согласно законските прописи и правилници, го има поминато и новиот сопствен систем за контрола на присуството на микотоксини во суровото млеко од фармите, информираат од Дукат.

„Исклучително сум задоволен што за краток временски период успеавме на потрошувачите во Македонија да им ги понудиме новите, двојно проверени млека на Дукат. Со ова уште еднаш докажуваме дека потрошувачите и нивната доверба во квалитетот и безбедноста на млеката и останатите производи на Дукат, се наш највисок приоритет“, изјави генералниот директор Дукат во Македонија, Благоја Слабев./Е.Н.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.