Денес последен рок за Годишна даночна пријава!
Објавено на 14 март, 2013 во 23:05
Сите оние кои имаат обврска, а нема да поднесат годишна даночна пријава во законскиот рок ќе се соочат со глоба. И тоа сторениот прекршок ќе ги чини од 500 до 1000 евра.
Управата за јавни приходи потсетува дека денеска е последен рок за оваа обврска.
Согласно законските прописи персонален данок на доход за приходите од вршење на самостојна дејност треба да пријават: трговци-поединци и граѓаните кои остваруваат приходи од: стопанската дејност, давање професионални и други интелектуални услуги, занаетчиска дејност, земјоделска дејност и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи за остварената добивка или загуба од работењето за 2012 година./ A.Д
