Не е добро да се биде најевтин на светот!

Објавено на 15 април, 2013 во 07:00

„Тата Нано“, најевтиниот автомобил на светот, не го реализира успехот кој го очекуваше индискиот производител кога во 2008 година го претстави на пазарот.

Кога пред две години, во јули почна испораката на моделот „Нано“ во Индија се до сега продадени се 219.157 примероци.

Инаку фабриката има капацитет за производство на 250.000 единици годишно. Но, минатиот месец работите почнаа да добиваат лош тек бидејќи продадени се 86% автомобили помалку во однос на истиот период лани.

Оправдувањето кое фабриката го наведува за слабите резултати од продажбата можеби ќе ви се чинат малку необични затоа што свтомобилот е премногу евтин.

Со малопродажна цена од 2.150 евра потенцијалните купувачи не го доживуваат „Нано“ како автомобил. Единствен виновник за ваквиот имиџ на моделот е самиот производител кој со години го промовираше својот производ како најевтин автомобил на светот.

Кога заклучиле дека стратегијата можеби и не им е баш најдобра ,одлучиле да ја променат. Во новата стратегија производителот ќе понуди поскапи модели на Нано платформа, со цена која ќе биде на ниво на конкуренција.

Директорот на компанијата „Тата“, Карл Слим, за Блумберг ги објасни причините заради кои „Нано“ не ги остварил зацртаните цели.

Тој изјавил дека сопствениците на скутери не сакале да го купат „Нано“ бидејќи во очите на другите тоа не било купување на вистински автомобил, туку замена за поголем скутер. Од друга страна пак, возачите на автомобили не сакале да купуваат „Нано“ бидејќи го доживувале како замена за скутер а не како вистински автомобил.

Како во Тата планираат да го надминат проблемот?

Слим изјавил дека концептот Пиксел е пример за решение кое компанијата го има на ум. Пиксел е базиран на Нано платформа и за погон е планиран дизел мотор со автоматски менувач. Иако повеќе детали не се достапни во овој момент, Слим додал дека новиот модел ќе биде наменет за што поголем број на купувачи но и ценовната разлика ќе биде многу поголема./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.