Кожувчанка го додели првиот автомобил!
Мице од Велес е добитникот на првиот автомобил од наградната игра на Кожувчанка и Синалко. На првото главно извлекување беа доделени и 3 скутери и 3 велосипеди.
Од компанијата информираат дека наградната игра трае до 7 јуни, а второто големо извлекување од наградната игра “Внимание!Паѓаат награди“ е на 10 јуни годинава, кога ќе биде доделена новата TOYOTA AURIS!
Учеството во наградната игра е едноставно. Купи Кожувчанка, Изворска, Синалко или Синета од 1,5 литар, погледни под етикетата на одбележаните производи, испрати го кодот по пат на порака на телефонскиот број 142 149 (5,9 ден СМС/со вклучен ДДВ) и играј за новата TOYOTA AURIS, скутери и велосипеди, и многу други вредни награди!
Покрај овие награди на секои 15 дена има извлекување за ЛЕД Телевизор, iPad mini и iPod Classic.
