Токио најскап а Карачи најевтин град на светот!
Студијата на британската консултантска компанија „Meрцер“ ги открива најскапите градови на светот.На првото место се наоѓа Јапонскиот главен град Токио,а следуваат Луанда, Осака, Москва и Женева.
Меѓу десетте најскапи градови на Меркеровата листа се најдоа и Сингапур и Цирих, потоа главниот град на Чад, Нџмен а следуваат и Хонг Конг и Нагоја.
Европските градови забележаа пад пад по економската криза.
Така Париз оваа година се најде на 37 место, што е за десет места подолу од минатата година потоа Лондон кој од 18 падна на 25 место, Рим од 34 на 42 место, Атина од 53 на 77 а Барселона од 66 на 85 место.
Во студијата е наведено дека во земјите од Eврозоната најпогодени со криза, како што се Грција, Шпанија и Италија, дошло до поевтинување, особено на недвижностите.
Двата најскапи градови на американскиот континент се бразилските гардови Сао Паоло и Рио де Женеиро.
Тие се најдоа на 12 и 13 место, далеку пред Њу Јорк, кој како скап американски град е рангиран на 33 место. Освен Њу Јорк, голем број на американски градови забележаа скок на листата со јакнењето на доларот.
На листата на Мерцер, во првата половина, се најдоа дури 20 африкански градови. Тоа е поради големата побарувачка а малата понуда на квалитетни и сигурни станови чија цена достигнува неверојатни износи.
На самото дно на листата не се промени ништо во однос на претходната година. Најевтиниот град на светот, исто како и мината година е пакистанскиот грaд Карачи, на последното 214 место на Мерцеровата листа.
