Владата на Хрватска ја продава „Кроациа ерлајнс“!
Објавено на 24 април, 2013 во 21:39
Ова го најави хрватскиот министер за поморство, сообраќај и инфраструктура Синиша Хајдаш Дончиќ.
Тој предупреди дека синдикатите на домашната авиокомпанија мора да ја сфатат деликатната ситуација како и дека владата е заинтересирана за опстанокот на компанијата.
Продажбата се случува откако државата ја докапитализирала „Кроациа ерлајнс“ со милијарда куни а најавите од хрватската влада се дека во првата фаза на санација ќе продолжи реструктуирањето на компанијата.
-„ Секако дека за „Кроациа ерланјс“ ќе побара и некој потенцијален стратешки партнер. Ако тој доаѓа надвор од ЕУ, максималниот удел ќе биде до 49 отсто, а ако тој доаѓа од ЕУ, тој удел може да биде и до 100 отсто,“ рече Дончиќ.
Извор: Хина
