Македонската економија била стабилна!

Објавено на 4 мај, 2013 во 11:03

Европската комисија изнесе оценка дека македонската економија е стабилна и одржлива. Се предвидува раст на македонскиот домашен бруто производ (БДП) од 1,5 проценти годинава два отсто во 2014 година,по дефицитот од 0,3 проценти во минатата година.

Европската комисија оценува дека нивото на долгот на Владата останува скромен, но сепак, како учество во БДП се зголеми за четири  поени. Излезот од дефицитот се очекува да се случува постепено оваа и во следната година, со тоа што е предвиден раст на БДП за 1,5 проценти во 2013 година, односно раст до два отсто следната година. Економското закрепнување, веројатно, ќе биде управувано од домашната побарувачка, додека надворешната побарувачка ќе продолжи да тежи врз растот на БДП, особено во 2014 година“, се вели во прогнозата.

„Со предвидениот раст во најновата економска прогноза на ЕК, како и предвидениот јавен долг од 34,3 проценти за 2013, односно 36,1 отсто од БДП за 2014 година, Македонија покажува знаци на силна економска состојба и одржливост, што не може да се каже и за ЕУ, за Еврозоната и поголем број од земјите-членки на „големото европско друштво“, стои во прогнозата.

Според прогнозата на ЕК, инфлацијата се очекува да забавува до 3,2 отсто во 2013 година, по очекуваниот застој во увозниот пораст на цените и да забавува и понатаму до 2,8 отсто во 2014 година.

„Општите владини приходи како дел од БДП се очекува да останат стабилни на околу 30 проценти, што е намалување за 0,3 поени, а растот  на македонскиот домашен бруто производ (БДП) за 1,5 проценти за годинава и 2 отсто во  2014година“,  предвидува Европската комисија во економската прогноза.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.