Словенија не може да излезе од кризата без меѓународна помош!

Објавено на 6 мај, 2013 во 12:13

Така мислат најголемиот дел од анкетираните граѓани во анкетата на љубљанско Дело. Две третини од нив или 65 отсто сметаат дека Владата предолго го одолговлекува објавувањето на мерките со кои би се спречила економската и финансиска криза, а 68,4 отсто се против зголемување на ДДВ-то.

Над половина од анкетираните или 57 отсто сметаат дека синдикатите од јавниот сектор ќе мора да прифатат намалување на платата а 94 отсто дека пратениците и владата први треба да си ги намалат платите.

Повеќе од 57 отсто од анкетираните сметаат дека на крајот Словенија ќе мора да побара финансиска помош од странство додека 36 отсто мислат дека тоа нема да биде потребно.

Анкетата е извршена на репрезентативен примерок од 419 возрасни граѓани, на крајот на април, годинава./А.Д

Извор: Дело

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.