Пазарџиите барат закон за зелените пазари!

Објавено на 7 мај, 2013 во 11:12

Итно да се донесе закон за трговија на зелените пазари, барат организаторите на пазарите со цел да се реши статусот на тезгаџиите, да се регулираат пензиското и здравственото осигурување, како и да надмине проблемот со дивите продавачи.

Во Македонија имало околу 20.000 тезги, поради што државата губела околу 800.000 евра.

„ Зелените пазари се мотор за локалната економија и земјоделското претприемништво. Освен што овозможуваат продажба на свежа храна за разлика од маркетите кои главно нудат доработени и замрзнати производи, имаат и културно и туристичко значење“, рече претседателот на Групацијата за пазари при Стопанската комора Благој Дивитаров.

Предлог законот предвидува  пазарџиите наместо лиценци да  добиваат решенија по принцип на регистрирање. Лицата, пак, кои произведуваат помали количини овошје и зеленчук во домашни услови, а вишокот го продаваат на пазарите, тоа ќе може и натаму да го прават, но со претходно склучени дневни договори за период од најмногу еден или два месеца.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.