Ново трајно млеко за децата, произведено од Битолска млекарница!
Објавено на 8 мај, 2013 во 13:26
Битолска млекарница денеска промовираше ново трајно млеко со 2,8 проценти масленост и 10 најзначајни витамини за правилен раст и развој на децата.
Новиот производ ги содржи витамините А, Б1, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9, Б12, Д3 и Е. Млекото е одобрено од Здружението на педијатри на Македонија.
„ Како посветен пријател на децата, кои се приоритет во стратегијата за општествена одговорност на Битолска млекарница, компанијата го проширува своето портфолио на производи воведувајќи го својот нов производ на пазарот,“ рече на промоцијата директор на Битолска млекарница, Златко Најдовски./Б.Н.Т
