Ставревски: Буџетот е во добра кондиција, плаќањата се навремени!

Објавено на 8 мај, 2013 во 16:21

„ Буџетот е во добра кондиција и приливот на средствата во првите четири месеци од годинава е соодветен на очекувањата, а плаќањата се вршат навремено,“ рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Според него, дефицитот е во рамки на очекувањата и таков ќе биде до крајот на годината. Тој потенцира дека нема заостанати обврски и оти сите фирми навреме добиваат поврат на ДДВ и навреме се исплаќаат сите фактури.
Ставревски информираше дека финансирањето на буџетот е во согласност со планираното, што подразбира домашно финансирање преку аукции и обезбедените средства со ниска камата со гаранцијата на Светска банка.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.