Фолксваген гради нова фабрика во Кина!
Најголемиот германски производител на автомобили Фолксваген ќе изгради фабрика во централна Кина продолжувајќи ја на тој начин војната со американскиот ривал Џенерал моторс за доминација на најголемиот светски пазар на автомобили.
Фабриката на Фолксваген во кинескиот град Чангша ќе почне со работа на почетокот на 2016 година со годишен капацитет на производство од 300 000 возила,изјавил портпаролот на Фолксваген во Кина за Франс прес.
“Многу блиску сме до јавното соопштение кое според мое мислење би требало да следи оваа недела“,додал портпаролот.
Фолксваген минатата година во Кина испорачал 2,81 милион возила додека Џенерал моторс 2,84 благодарение на што станаа водечки странски производители на автомобили во таа земја.
ЏМ минатиот месец соопшти дека во Шангај ќе изгради фабрика за производство на марката „кадилак“ вов реднсот од 1,3 милијарди доалри,по што кинексата влада го одобри тој проект.
На годишно ниво продажбата на автомобили во Кина порасна минатата година за само 4,3 отсто,на 19,31 милиони возила како последица на ограничувањата во врска со бројот на продадени возила поради намалување на сообраќајните гужви и загадувањето.
