Поскапуваат бензинот и дизелот !

Објавено на 20 мај, 2013 во 13:51

Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат од половина до еден денар за литар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на бензините од 98 и од 100 октани  ќе се зголеми за половина денар и ќе изнесува 80,50 денари за литар. За половина  денар поскапуваат и дизел горивата и нивната цена ќе изнесува 67,50 денари за Еуродизелот и 68,50 денари за Биодизелот.

Малопродажната цена на бензините од 95 октани се зголеува за еден денар за литар и нивната цена ќе изнесува 79 денари. За еден денар поскапува и нафтата за домаќинствата чија цена ќе 56,50 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,716 денари за килограм и ќе изнесува 41,517 денари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.