Пилотите на „Кроација Ерлајнс“ го прекинаа штрајкот, струјардесите не!
Објавено на 21 мај, 2013 во 07:30
На седмиот ден од штрајкот пилотите постигнаа договор со управата на авионската компанија но струјардесите и понатаму штрајкуваат со што сеуште има пореметувања во редот на летања, пренесоа хрватските медиуми.
– Управата потпиша со Синдикатот на пилотите спогодба за прекин на штрајкот со тоа што ќе продолжат преговорите за потпишување на Колективниот договор- изјави Ксенија Жолф од одделот за односи со јавноста на “Кроација Ерлајнс“.
Таа соопшти дека сеуште не е нормализиран воздушниот сообраќај бидејки продолжија да штрајкуваат струјардесите.
