Доделени концесиите за минерални суровини!
71 концесија за минерални суровини додели денеска Владата. Меѓу компаниите кои добија концесии има домашни фирми, но и компании од Турција, Бугарија, Канада, Велика Британија и Австрија.
„Истражувањето и експлоатацијата на минералните суровини претставува поле на кое Владата на Република Македонија во изминатиот период посвети особено внимание и низа активности. Нашата посветеност во овој сегмент пред се се должи на нашата оценка дека минералните ресурси во Македонија се уште не се доволно искористен природен ресурс кој доколку се искористи на вистински начин може активно да придонесе за забрзување на развојот на македонската економија, истакна премиерот Никола Груевски.
Според него, доделувањето на концесиите ќе значи голема придобивка за државата и за граѓаните.
