ЊуЈорк омилен град на инвеститорите!

Објавено на 25 мај, 2013 во 16:48

Њујорк, е омилен град на странските инвеститори. Веднаш зад него се Шангај и Лондон, покажува најновата анкета на агенцијата „Опинон Веј“.

Париз се наоѓа на високото четврто место на најатрактивни градови за вложување кој годинава за две места напредуваше на ранг листата на најпосакувани инвестициски дестинации. На петото место е Франкфурт.

Политичката стабилност, правната безбедност, стопанскиот раст и пласманот на светскиот пазар, се главните критериуми според кои е составена листата.

Се вреднува и расположеноста на квалификуваната работна сила, како и квалитетот на образованието.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.