Македонија на дигитален ТВ сигнал!
Објавено на 1 јуни, 2013 во 08:18
Граѓаните во Македонија од денеска следат телевизиска програма само преку дигитален сигнал. Предностите се во кристално чиста слика, беспрекорен звук и нови интерактивни услуги.
Аналогниот сигнал е исклучен а вклучен е дигиталниот сигнал што значи дека граѓаните кои немаат кабелска телевизија, Макс или Бум ТВ, а имаат постар телевизор ќе треба да си купат дигитален приемник (сет топ бокс) за да може да следат телевизиска програма.
Разликата е во употребата на еден фреквентен канал за пренос на повеќе телевизиски програми во исто време.
Аналогното емитување на телевизискиот сигнал по шест децении замина во историјата.
