Новата цена на струјата ќе се знае утре или задутре!
Објавено на 26 јуни, 2013 во 07:47
Според информациите до кои дојде „Фактор“, можно е утре или задутре регулаторите да пресечат околу новата цена на електричната енергија.
Едно е сугурно од први јули ќе има корекција на цената на струјата, но сеуште не се знае дали таа ќе биде повисока или пониска од сегашната.
Извори за „Фактор“ велат дека пресметките се прават во досега невидена атмосфера, речиси никој освен дел од членовите немаат пристап при пресметувањето на трошоците.
Сеуште не се знае каква ќе биде одлуката на регулаторите, иако „Дневник“ објави дека ќе има надолна корекција од 5,2%.
