Владата им исплати субвенции на земјоделците!

Објавено на 2 јули, 2013 во 16:15

Министерството за финансии соопшти дека денеска исплати 254.430.205 денари за субвенции за повеќе земјоделски гранки.

Од вкупната сума лозарите за одржување на постоечки лозови насади ќе добијат 85 милиони денари, а 2,9 милиони денари за нови лозови насади. На тутунарите за реколтата 2011-та им се исплатени 84 милиони денари.

Пари се исплатени и на овоштарите. 15 милиони денари за одржување на овошни насади и 9,8 милиони денари за нови овошни насади. Како поддршка пари ќе добијат и градинарите во висина од 13,5 милиони денари.

Министерството исплатило субвенции за одгледување на ориз, сончоглед, пченка и фуражни култури, за кравјо млеко, обележани грла говеда и пчели.

Владата на Република Македонија и Министерството за финансии остануваат посветени на подигнување на овој, за македонската економија, клучен сектор, се наведува во соопштението.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.