Ќе се одвикнат ли пушачите од цигарите?
Објавено на 16 јули, 2013 во 19:25
Производителите на цигари најавуваат нови цени за цигарите. Според најавите новите цени ќе бидат повисоки за окоу 10 денари. Најпогодени од новите цени ќе бидат поевтините цигари Родео, Бос, Класик, 57…
Акцизата за поскапите цигари останува иста, па оттаму тите нема дополнително да поскапат.
Акцизата за цигарите постепено ќе растат следните десет години, а од 1-ви јули в година, заклучно со 1 јули 2023 година, износот на акциза на тутун за пушење ќе се зголемува за 50 денари по килограм секоја година. Според надлежните, поскапите акцизи се производ на услогласувањето на домашните со директивите на Европската унија.
