Има многу невработени, ама има и малку работни места
Објавено на 6 септември, 2013 во 09:54
Над 200 илјади Македонци се без работа, а ако се земе во предвид моменталната слика на пазарот, тешко наскоро и третина од нив да најдат вработување.
И додека побарувачката за работа е голема, понудата е многу скромна. Според најновите податоци на Агенцијата за вработување, во јули имало 222.486 невработени од кои 94.642 се евидентирани како активни баратели на работа, а другите се во графата „други“, пишува Утрински весник.
Во исто време, Државниот завод за статистика, пак, објави дека во последното тримесечје во земјава имало само 5.000 слободни работни места, поконкретно, 4.873. Најголем дел се во скопскиот регион, 1.617, најмалку во вардарскиот каде се слободни околу 400 места.
