Владата одлучува какви нови мерки ќе превземе во трговската војна со Косово
Објавено на 10 септември, 2013 во 09:13
За денеска во 11 часот е закажана владина седница на која ќе се одлучува што понатаму, откако вчера ескалираше трговската војна со Косово, пренесе Фактор.мк.
Косово и Македонија вчера не постигнаа договор за укинување на ембаргото за македонските производи, воведено од косовските власти и за укинување на патните такси за косовските државјани воведени од македонските власти.
Вчера средбата на министрите Ваљон Сaраќини и Мимоза Кусари – остана без конкретен договор. Двајцата министри најавија дека преговорите ќе продолжат во наредните денови.
