Кусари: Блокадата е наша лекција за Македонија за во иднина

Објавено на 13 септември, 2013 во 07:45

– Блокадата е наша лекција за Македонија за во иднина. Тие се научени Косово да биде добро дете кога станува збор за договори а тие и другите држави разгалени деца, рече косовската вицепремиерка и министер за трговија Мимоза Кусари по преговорите во Приштина со македонскиот министер за економија, Ваљон Сарачини.

Како што пренесува порталот Алмакос, министерката Кусари рече дека на Македонската влада треба да и биде јасно дека Косово во иднина нема да дозволи таков третман. Одлуката на македонските власти за блокирање на границата таа ја нарече „ароганција и покажување супериорност кон Косово“.

Министерот Сарачини во изјавата што ја пренесува порталот рекол дека се при крај со договорот за деблокада на границата и додал дека се плаши оти ако тоа не се случи можни се немири.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.