Заврши трговската војна меѓу Македонија и Косово
Точно на полноќ, се кренаа рампите на преминот Блаце и се нормализираше сообраќајот на македонско косовската граница. Освен автомобили и камиони таму слободно минат и патници, пренесе 24 Вести.
Од ноќеска на полноќ престана да важи мерката за ограничен увоз на брашно, по што истовремено официјална Приштина го укина ембаргото за увоз на македонски производи.
Со тоа – автоматски престана да важат и таксите за влез во земјава, за косовските граѓани.
На граничниот премин беа вицепремиерот Пешевски и министерот за економија Сарачини за да се уверат дали состојбата е нормализирана.
Во меѓувреме, транспортерите ги отстранија камионите со кои една недела во знак на револт ги блокираа граничните премини Јажинце и Блаце. Тие ја поздравија одлуката и рекоа дека штетите доправа ќе се бројат.
