Наскоро евтини летови и од Охридскиот аеродром

Објавено на 18 септември, 2013 во 11:40

Граѓаните на Охрид и Струга, како и жителите од југозападниот регион и соседните градови во Албанија Поградец и Корча, наскоро ќе имаат можност евтино да летаат до повеќе дестинации во Европа со нискобуџетни авиокомпании кои ќе оперираат од аеродромот „Св. Апостол Павле“, јави Охрид њус.

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески по средбата со претставници на „Визер“, министерството за транспорт и врски и на аеродромот „Тав“, на која присуствувал и неговиот колега од Струга Зијадин Села соопшти дека во изминатите пет месеци разговарале со компанијата „Визер“ и се договориле општините Охрид и Струга да субвенционираат евтини авио летови кои ќе бидат воспоставени во текот на целата година, не само во летната сезона.

Советот на општина Охрид донесе одлука во 2013 година да се издвојат 6 милиони денари за субвенционирање на авио линии со нискобуџетни компании, а тој чекор најавила дека ќе го следи и општината Струга. Дополнително за оваа намена општина Охрид во 2014 година планира да издвои 12 милиони денари. Двете општини побарале аеродромот во Охрид да има ефтини летови до северна Италија и до аеродром во близина на Цирих и Виена како и до Љубљана.

Засега интерес за воведување на евтини авио летови од охридскиот аеродром покажале „Визер“ и „Адрија“. За воведување на вакви летови треба да се спроведе соодветна постапка и доколку се оди според предвидувањата се очекува редовните евтини летови со некоја од заеинтересираните нискобуџетни компании од аеродромот „Св. Апостол Павле“ да започнат околу Нова година.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.