Македонија и Босна со најмал јавен долг на Балканот

Објавено на 18 септември, 2013 во 13:23

Според податоците од анализата на агенцијата „Анадолија“, јавниот долг на Македонија во јуни бил 34,1“% од бруто домашниот производ, од што надворешниот долг е 1,66 милијарди, а домашниот 1,05 милијарди евра.

Босна и Херцеговина според податоците на Министерството за финансии и трезор на крајот на минатата година имала јавен долг од 3,63 милијарди евра или 34 проценти од БДП.

Јавниот долг на Србија во јули годинава е зголемен за 173,5 милиони евра и изнесува вкупно 19,08 милијарди евра, што е 57,7 проценти од БДП. Секој жител на Србија на крајот на 2011 година должел 818 евра или 2,2 просечни плати, а во септември минатата година долгот по разни основи пораснал на 1.225 евра.

Хрватска на крајот на март оваа година имала јавен долг од околу 24,2 милијарди евра или 53,6 проценти од БДП. Надворешниот и внатрешниот долг на оваа држава во првите три месеци од годинава пораснал за 4,2 милијарди куни. Се очекува до крајот на годинава да достигне околу 26,5 милијарди евра, што е речиси 60 проценти од БДП.

По Србија и Хрватска, најголем јавен долг има Црна Гора.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.