Фактор: Космодиск бизнисмени – Колку економијата е подолу, толку повеќе му се восхитуваат на Премиерот!
Реални или популистички проекции? Владините планови од бизнис заедницата беа дочекани и поздравени со громогласен аплаус. Бизнисмените од трите најголеми комори ги поздравија плановите и проекциите за економијата, што премиерот Никола Груевски ги најави за следната година. Забелешки речиси и да нема, и покрај тоа што последните статистички податоци покажуваат дека стопанствениците се изјасниле дека во јули годинава економската состојба била понеповолна, во однос на претходниот месец и истиот период лани, пишува Фактор.
Најголем процент од биснисмените според статистиката, се изјасниле дека во јули споредено со претходниот месец, уште повеќе се намалиле домашните и странските нарачки. Според истите статистистички податоци, нема подобрување ниту кај оптимизмот на бизнисмените за сосотојбата со обемот на производство во следните три месеци.
Но, ставовите на бизнис секторот нагло се променија по вчерашниот говор. Фактор ги пренесува изјавите на првите луѓе на Стопанската Комора, Сојузот на стопански комори и Комората на Северозападна Македонија.
Изјавите за Фактор се дадени откако Премиерот Груевски во својот двочасовен говор пред бизнис секторот за следната година најави економски раст од над 3 отсто, 5 отсто повисоки плати и пензии, но буџетскиот дефицит останува на исто ниво 3,5 проценти. Законот за финсиска дисциплина и Законот за стечај беа посочени како приоритетни законски регулативи за 2014 година. Како клучен инфраструктурен проект премиерот Груевски ја посочи изградбата на автопатот Скопје – Свети Николе – Штип и на автопатот Кичево – Охрид. За реализацијата на овој проект државата ќе се задолжи со 574 милиони евра , кредит со 2 проценти камата од Ексим банката од НР Кина. Овој потег на Владата бизнисмените го оценија како позитивен сигнал за можностите на достапни поволни кредитни линии на светските финансиски пазари, за кое задолжување во функција на изградба на долго најавуваните инфраструктурни зафати, дадоа целосна поддршка, пишува Фактор.
