Во јануари, зголемени животни трошоци и раст на цени на мало

Објавено на 14 февруари, 2014 во 18:04

2014 година започна со забавен  раст на трошоците на живот од 0,9% во споредба со ланскиот јануари, објави Државната статистика, јави 24 Вести.

Сепак, статистичарите пресметаа зголемени животни трошоци од 2,8 % во текот на целата ланска година  во споредба со 2012 година.

Анализирано по главните сектори најголемо зголемување на месечно ниво има кај трошоците за : здравје 13%, алкохолни пијалоци и тутун 5,3% , храна и безалкохолни пијалоци 1% .

Граѓаните на своја кожа најдобро  ги  почуствувале повисоките животни трошоци.

Намалувања на дел од цените на лековите, домувањето и образованието не помогнаа да се намалат и трошоците во овие групи, напротив – таму е регистриран  и позначаен раст.

Секојдневните поскапувања и високите сметки не запираат  и годинава, продолжувањето на ваквиот тренд и натаму го тенчи џебот на граѓаните.

Статистичарите објавија и раст на цените на мало во јануари годинава споредено со истиот месец лани од 0,8% , додека на годишно ниво податоците покажуваат дека цените се зголемени за 1,3%.

Гледано по групи најголем раст  е забележан кај: земјоделски производи 5,2%, прехранбени производи 1,6%, индустриските производи 0,9%, пијалаци ( алкохолни и безалкохолни) 0,9%.

Потврда за зголемените трошоци за живеачка даде и последната пресметана минимална синдикална кошничка.

За да преживее едно четиричлено семејство му се потребни 32 150 денари, или во споредба со лани потрошувачката кошничка е зголемена за околу 1500 денари.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.