Македонија на четврто место од земјите во кои царува сивата економија
Над 100 милиони евра црни пари завршуваат во сивата економија. Со стапка на сива економија од 20 отсто од БДП, Македонија е во групата на земји во кои нивото на сивата економија е над европското.
Во регионот пред нас, со висока стапка на сива економија се Грција, Косово и Бугарија. Сивата економија е најзастапена во трговијата, индустријата, земјоделството, туризмот и градежништвото..
Домашните експертите посочуваат дека клучно за намалување на сивата економија, се подобрување на деловната клима и создавањето доверба на приватниот сектор и на граѓаните во администрацијата и даночниот систем. Според странските експертите праксата покажала дека владите недоволно ја разбираат сивата економија и прават грешки кога се обидуваат да се справат со неа.
Според податоците стапката на сива економија на Балканот е околу 30 отсто што е над европското ниво кое се движи од 12 до 15 отсто од БДП. Според експертите во обид да купат социјален мир, владите се претпазливи во борбата против сивата економија, што пак се одразува негативно врз ранливите категории на граѓани, но и на општествениот и економскиот развој на земјата.
