Јавно извлекување за субвенции за сончев колектор

Објавено на 7 јуни, 2014 во 09:27

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи јавното извлекување на лицата кои ќе остварат право на надомест на дел од трошоците за купен и вграден соларен колектор во своето домаќинство.

Извлекувањето е од шестиот повик за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување соларни колекторски системи во домаќинствата за 2014 година. Го организира Министерството за економија, а ќе учествуваат сите апликации што пристигнале во рокот. Избраните ќе бидат субвенционирани со 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра.

Јавниот повик беше распишан на 24 јануари и траеше до 31 мај 2014. За негова реализација се предвидени шест милиони денари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.