Македонско – турски бизнис форум
Објавено на 13 јуни, 2014 во 07:10
Стопанска делегација од 15 турски компании од Асоцијацијата на независни индустријалци и бизнисмени од денеска престојува во посета на Македонија.
Целта е воспоставување деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности. Според најавите, за време на посетата на турската делегација, во организација на Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи македонско турски бизнис форум. Планирани се и билатерални разговори меѓу компании од секторите градежништво и градежни материјали, текстил, млеко и прехрана, туризам и трговија.
