Владата најави отпис на долговите за граѓаните

Објавено на 14 јуни, 2014 во 14:18

Конкретната и значајна мерка за еднократниот отпис на долгови, со која ќе им се помогне на најранливите категории на граѓани, е еден од приоритетите на Владата. Овој ветен проект ќе биде остварен веднаш по формирањето на новата Влада на 19 јуни, изјави премиерот Никола Груевски.

– Ова е проект кој ќе го реализираме и целосно ќе го исполниме. Ова ќе биде прифатено на првата седница на Владата по формирањето на новата Влада на 19 јуни, додаде Груевски.

Примената на мерката за отпис на долговите за електрична енергија, за банките и за радиодифузната такса, за која граѓаните покажаа голем интерес, која ќе почне веднаш по формирањето на новата Влада, ќе им помогне на ранливите категории на граѓани да се ослободат од извршителите и од притисокот што досега го чувствуваа за наплата на долговите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.