Каматите на кредитите, главен извор на профит на македонските банки

Објавено на 16 јуни, 2014 во 08:07

Целиот банкарски систем во Македонија осварил вклупна добивка од 6,7 милиони евра во првите 4 месеци од оваа година, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија. Според овие податоци, како што јави Капитал, се забележува пораст на профитабилноста на целиот банкарски систем,  во однос на истиот период лани, кога банките, прокнижија загуба од 680 илјади евра.

Банките во Македононија, најголема заработка во првите четири месеци од годинава, оствариле од приходите од каматите за кредитите кои тие ги даваат на компаниите, на граѓаните, па и на државата. Вкупата заработка од каматите во првиот квартал изнесува 80 милиони евра.

Од компаниите, банките наплатиле камати во износ од околу 34 милиони евра, од кредитите на граѓаните досега наплатиле приходи од околу 30 милиони евра, а раст на приходите, во однос на ланското прво тримесечје се забележува и во приходите од кредитирањето на државата преку разни државни записи и обврзници и тие достигнуваат износ од 6,6 милиони евра.

Кога од вкупните приходи ќе се извадат расходите за камати, на банките им остануваат значајни нето-приливи од камати. Во првиот квартал од годинава тие оствариле нето-приходи од камати од 50,4 милиони евра, што е пораст за 4 милиони евра во однос на истиот период лани.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.