Русија ја прекина испораката на гас за Русија

Објавено на 16 јуни, 2014 во 08:17

Русија соопшти дека ја ограничува испорката на гас за Украина, бидејки денеска истече рокот кој Москва му го постави на Киев за исплата на досегашните долгови.

Засега, снабдувањето со руски гас за Европа не би требало да биде доведено во прашање.

Портпарол на Газпром изјави дека поради тоа што Украина не платила ништо, веќе не може да добива гас, а Киев има обврска да овозможи протекување на гасот низ нејзина територија за потрошувачите во Европа.

Изминатата ноќ не се одржа последниот круг преговори меѓу Украина, Русија и ЕУ по прашањето за снабдувањето со природен гас, откако европскиот комесар за енергетика Гинтер Јотингер доставил пакет од предлози за компромисно решение.

Конкретно, ЕК предлага на Русија да и прости на Украина половина од долгот од две милијарди, а остатокот да биде исплатен на шест рати до крајот на годината. При тоа испораките на рускиот гас да не запре. Исплатите за гасот треба да се спроведуваат навремено во согласност со важечкиот договор.

Предлогот на ЕК вклучува намалување на цената за гас за летниот период – 300 долари за 1000 кубни метри и 385 долари за зимскиот период.

Јотингер изјави дека Украина веќе се согласила на оваа цена, додека “руските партнери се’ уште не”.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.