ДВ :„Гринпис“ прокоцка донирани пари во милионски износи

Објавено на 17 јуни, 2014 во 07:29

Бесот е голем. Вработен во „Гринпис интернешнал“ се впуштил во рискантни финансиски бизниси и загубил 3,8 милиони долари на организацијата за заштита на животната средина. Ова би можело да ја поткопа довербата во неа, јави Дојле веле.

Протести против „Гаспром“, „Шел“ или „Валфанг“ – со децении организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ ги полни насловните страници ширум светот со своите смели акции. Формулата која стои зад тоа е – поголемото внимание значи поголеми донации. Но, насловните страници во медиумите од последнава недела (15.06.) ќе им се допаднат на активистите многу помалку. „Гринпис“ се прокоцка, пишуваат медиумите. Конкретно, станува збор за еден вработен во централата во Амстердам, кој сакал да шпекулира со паднатиот курс на еврото и притоа загубил 3,8 милиони евра.

Колку германски пари од донации се уништени во акцијата засега не е познато. Во минатата година половина милион луѓе во Германија донираа пари во „Гринпис“ за заштита на Арктикот од вадење нафта или за борба против атомските централи и термоцентралите. Одговорниот работник за загубата на парите веднаш доби отказ од работа.

„Гринпис Германија“ информираше дека загубата на 3,8 милиони евра настанала како резултат на „сериозна грешка“ во „Гринпис интернешнал“, која е поврзана со осигурувањето против курсната флуктуација. Разгранокот во Германија изрази жалење за загубата и изрази извинување. Вработениот постапил како што не смеел и надвор од неговите овластувања, а според портпаролот на „Гринпис Германија“ Михаел Паули, „контролните механизми во ’Гринпис интернешнал’ не функционирале“.

Текстот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.