Политичарите земаат четири пати повеќе од просечната плата во државата

Објавено на 5 август, 2015 во 07:12

Според Државниот завод за статистика, просечната исплатена плата во мај годинава изнесуваше 22.071 денар.

Па, кога овој износ ќе се помножи со коефициент 3,7, со 4 или 4,5, зависно од функцијата, и плус се додадат по 0,5 отсто за секоја година работен стаж, се добива солидна крајна сума што легнува на контото на македонските политичари.

 

Од државниот буџет месечно се издвојуваат забележителни пари за платите на функционерите и другите високи раководни лица. Додека минималната плата во државата изнесува 160 евра, а просечната 350, политичарите во просек земаат по најмалку 90 илјади денари месечно или околу 1.500 евра, што е за 4 и повеќе пати над исплатениот просек-пишува Утрински весник.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.